понеделник, 20 јануари 2025

Водител на овогодинешните Оскари е сценаристот на Симпсонови

Конан О’Брајан ќе биде домаќин на 97-то доделување на наградите Оскар, кое ќе се одржи на 2 март 2025 година.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Оваа информација ја потврдија извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката на Џенет Јанг, пренесува Гардијан.

„Конан е идеална личност за оваа улога благодарение на неговиот брилијантен хумор, љубовта кон филмот и искуството во водењето телевизиски емисии. Неговата способност да се поврзе со публиката ќе ни помогне да создадеме незаборавна прослава на филмската индустрија и да им оддадеме чест на овогодинешните извонредни филмови и творци“, се вели во соопштението на Крамер и Јанг.

На оваа вест реагираше и самиот О’Брајан, кој рече: „Америка го бараше тоа и сега се случува. Во другите вести, јас сум домаќин на Оскарите“, пренесува Гардијан.

Во јули, беше објавено дека Џими Кимел одлучил да не биде домаќин на овогодинешните награди, и покрај тоа што бил домаќин четири пати до сега.

Конан О’Брајан е американски ТВ водител, комичар, сценарист и продуцент.

Тој исто така беше сценарист на легендарната анимирана серија Симпсонови од 1991 до 1993 година, каде што ги напиша некои од најпознатите епизоди.

О’Брајан стана водител на шоуто Лејт најт во 1993 година, откако Дејвид Летерман се пензионираше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ