Олимписките игри годинава се во Лондон. Малку е да се каже дека е добро да се биде таму. Не само заради спортот, туку и за да се почувствува адреналинот од тој голем културен настан и вистински празник за очите. Отворањето ќе биде во режија на Дени Бојл, а музиката на електронското дуо „Андерворд”.
Познатиот режисер Стивен Спилберг ќе ја постави претставата „Смеш” (Smash) на Бродвеј. Се работи за мјузикл што обработува делови од животот на Мерилин Монро. Во главните улоги ќе се појават Дебра Месинг, Анџелика Хјустон и Ума Турман. За оние што ќе патуваат во Њујорк, ова ќе биде „понуда што не може да се одбие“, да се посети Бродвеј.
По светскиот успех на „Загубени“, генијот на ТВ-сериите, Абрамс, цела година ќе ги „забавува“ гледачите со новата криминалистичка серија „Алкатраз“. Кога ќе пристигне и кај нас, ќе видиме од ТВ-најавите, ама бездруго ќе бидеме информирани преку главните вести.
Во 2012 принцезата од бајките Снежана ќе наполни 75 години. Холивуд ќе ѝ го прослави роденденот со два нови филма во нејзина чист. Конкурентни. Во првиот, главната улога ѝ падна на Џулија Робертс, а во вториот Снежана е русокоса и ја глуми Шарлиз Терон.
Одмаздници (The Avengers). Се очекува да биде ново ремек-дело на филмското платно. Халк, Ајронмен, Кептн Америка и Црната вдовица, сите заедно се собрани во овој филмски хит за да го спасат светот. А и глумците ветуваат. „Дрим тимот“ е Роберт Дауни Џуниор и Скарлет Јохансон. Се разбира, во филмот ќе може да уживаат и возрасните исто колку и децата.
Има нешто и за најмалите. „Пиксар” ќе го презентира својот нов долгометражен цртан филм, во кој главна улога има една црвенокоса принцеза. Соочувајќи се со непријателите, таа мора да биде, како што кажува и самиот наслов, храбра.