петок, 18 октомври 2024

Водата во Струга не е безбедна по здравјето и не смее да се пие

Зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење во Струга, значително поголеми од законски пропишаните, констатира Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Охрид по денешните хемиски анализи направени на примероци од Градскиот водовод во Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Според резултатите, како што соопшти ЦЈЗ – Охрид, водата од градската водоводна мрежа не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење.

„Согласно правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување“, стои во информацијата на ЦЈЗ – Охрид.

Посочуваат дека во координација со надлежните институции, континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информираат за секоја промена.

Водата од струшкиот водовод деновиве е заматена поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на општина Струга. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ