сабота, 27 јули 2024

Водач на банди на Хаити: Забранете им на децата да одат во училиште. Опасно е, може да настрадаат

Водачот на бандите на Хаити Џими Шеризиер, познат како Барбикју, вчера предупреди дека ќе продолжи со обидите за соборување на премиерот Ариел Хенри и побара од семејствата да им забранат на децата да одат на училиште за да се „избегне колатерална штета“ додека насилството расте во делови од главниот град.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Силни пукотници и прекини во сообраќајот биле забележани во некои делови на главниот град на Хаити, каде повеќето луѓе ги напуштиле своите домови во близина на борбите.

„Битката ќе трае колку што е потребно. Ќе продолжиме да се бориме против Ариел Хенри. За да се избегнат колатерални жртви, чувајте ги децата дома“, рече водачот на бандите на прес-конференција.

Шеризиер е поранешен полицаец кој е на чело на сојузот банди и ја наруши земјата кога го блокираше нејзиниот најголем нафтен терминал во 2022 година. Тој се соочи со санкции од Обединетите нации и Министерството за финансии на САД.

До петокот вечерта, имаше извештаи дека вооружени лица се обиделе да ја преземат контролата врз главното пристаниште за контејнери во главниот град, додека банди се заканувале дека ќе ги нападнат новите полициски станици во градот. Ројтерс не можел веднаш да ги потврди овие извештаи.

Кабинетот на премиерот Хенри соопшти дека е „огорчен од актите на насилство и терор оркестрирани од вооружени бандити“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите, велејќи дека владата ќе продолжи да работи на решавање на конфликтот.

Насилството ескалира за време на посетата на Хенри на Кенија оваа недела. Двете земји потпишаа безбедносен договор претходно истиот ден, за кој Најроби се надева дека ќе ги отстрани приговорите на домашниот суд на неговиот план да испрати 1.000 полицајци да водат мисија одобрена од ОН за борба против насилството на бандите на Хаити.

Хенри претходно беше во Гвајана на регионален карипски самит, за време на кој на лидерите им кажа дека ќе одржи избори до август 2025 година, откако претходно ги одложи поради несигурност.

Хенри дојде на власт по атентатот на последниот претседател на државата во 2021 година. На Хаити последните избори беа одржани во 2016 година, а целта на меѓународната мисија е да обезбеди транзиција на власта, притоа да обезбеди и хуманитарна помош. Обединетите нации проценуваат дека околу 300.000 луѓе на Хаитите ги напуштиле своите домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ