петок, 26 јули 2024

Вода по улици, паднати дрвја и одрони, еден пожар, 1.951 повик за 24 часа, информираше ЦУК

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна  жена во стрмен засек покрај пат, откако  се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК.

Објавено на

часот

Сподели

По пријавата, веднаш биле известени полицајците од Полициската станица (ПС) Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино,  како и Итната медицинска помош.

„Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и ја пронашле жената на земјениот пат. Иако падната, жената немала видливи повреди, сепак,  превентивно е преземена од Итната медицинска помош и со возило е однесена до локалната амбуланта“, наведува ЦУК во соопштение.

Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1.951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ