сабота, 27 јули 2024

Во ЗНАМ утре ќе се одлучува за претседателски кандидат меѓу Максим Димитриевски и Венко Андоновски

Утре на првиот конгрес на партијата ЗНАМ – За наша Македонија делегатите ќе одлучуваат за лидер на партијата и за партискиот кандидат за претседателските избори. Според извори на МКД.мк, потврдени и од високи партиски претставници, можен кандидат на ЗНАМ за претстојните претседателски избори е и писателот Венко Андоновски. Дел од раководството на партијата цврсто стои на тоа на претседателските избори сепак да се појави Максим Димитровски, актуелниот претседател на ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

Утре на првиот конгрес на ЗНАМ, ќе биде избран претседател на партијата, членови на Централниот одбор, членови на Надзорниот одбор, ќе се усвои Статутот и ќе се утврди предлогот на кандидатот за претседател на Македонија.

Основачкото собрание на ЗНАМ се одржа лани во ноември кога беше избрано привремено раководство со мандат до одржувањето на првиот изборен конгрес.

Според информациите на МКД.мк, голем дел од членовите сметаат дека токму Максим Димитровски треба да се појави како кандидат на ЗНАМ на претседателските избори. Венко Андоновски е исто така посакуван кандидат на партијата за претседател на државата.

Македонскиот писател, раскажувач, романописец, есеист, критичар и книжовен теоретичар проф. д-р Венко Андоновски уште во октомври 2021 година даде отворена поддршка за независната кандидатура за градоначалник на Максим Димитриевски за Општина Куманово и ги повика граѓаните да ја поддржат граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“. И за време на основачкото собрание на партијата Андоновски преку онлајн обраќање го поздрави основањето на новата партија на Максим Димитриевски и рече дека стои зад движењето затоа што знае дека тоа во себе вклучува образовани и паметни, а пред сè чесни и луѓе со морал и доблест кои можат да ја извлечат Македонија од сегашниот ќорсокак.

Органите и телата на партијата утре ќе ја донесат конечната одлука.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ