Александра Ќулумова, раководителка на Одделот за комерција во Жито маркети вели дека во компанијата се сосема свесни за глобалните кризи во последниве три-четири години, за ценовната криза и производство на храна, со војната во Украина…
„Долго размислувавме во која насока да ги придвижиме нашите следни потези. Дополнително на ова, годинава славиме голем јубилеј – 35 години успешно работење како домашна компанија, 35 години заедно со нашите потрошувачи и исто толку години стремеж да бидеме поблиску до нив. Затоа сакавме да вратиме дополнителна вредност кон заедницата, како влог во взаемната лојалност сите овие години.
Заради тоа што овие турбулентни периоди најмногу го погодија обичниот човек, нашиот ценет потрошувач и неговата просечна месечна потрошувачка кошничка, ние се решивме да дадеме свој придонес токму во овој правец. Идејата ја реализиравме и во практика – овозможивме на нашите лојални купувачи на едно место да добијат најповолни цени на над петстотини производи кои редовно се бараат и се купуваат, со голем избор и со квалитет“, вели Ќулумова.
Таа вели дека се опфатени сите групи на производи кои се неопходни за секојдневното функционирање на едно семејство во тековен месец.
„Особено нагласувам дека се опфатени брендови со докажан квалитет на македонскиот пазар кои со години во континуитет ги пласираме до крајниот потрошувач, производи кои потрошувачите ги сакаат и ги препознаваат како врвни брендови. Генерално, станува збор за основните производи како најбитен дел од потрошувачката кошничка.
Изборот на производите беше правен врз основа на наши внатрешни истражувања, по вкрстени критериуми, за да може да се пронајдат сите наши лојални потрошувачи – од млади брачни парови, пензионери, повеќечлени семејства, до студенти и слично.
Попустите кои се имплементирани на избраните производи се со висок процент на трајно намалена цена, најевтини на пазарот“.
„Барај домашно, купувај најевтино!” стартуваше во втората половина на април.
„Ние како одговорна компанија секогаш се стремиме да излеземе во пресрет на нашите купувачи. Така ќе биде и со оваа наша активност. Ќе трае додека нашите потрошувачи препознаваат дека им нудиме најдобра цена за препознатливи брендови со докажан квалитет. Ние сега се водиме од нашето мото дека трајно ќе обезбедуваме најевтини понуди за нашите купувачи на тие селектирани групи и одрани производи. Секојдневно ги следиме трендовите на пазарот, ценовните флуктуации, па така и ќе реагираме, секојдневно и брзо, да ја исполниме нашата определба – перманентно да бидеме најевтини на пазарот за најбараните и за најкупуваните производи од нашите потрошувачи“, вели Ќулумова.
Одговорните од Жито маркети, во чиј синџир има близу 70 маркети ширум земјава, велат дека избраните производи со намалена цена нема да се покачуваат, а во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и на другите ресурси, тие може да останат на исто намалено ниво или да бидат пониски. Оттаму ги повикуваат и останатите економски оператори во сегментот на малопродажбата на стоки за широка потрошувачка да се приклучат кон креирањето на ценовни политики кои ќе одат во полза на потрошувачите, особено во чувствителен кризен период.
Комерцијален текст