сабота, 27 јули 2024

Во жесток руски напад тешко оштетено пристаништето во Одеса

Објавено на

часот

Сподели

Војската не прецизираше дали штетата во пристаништето го загрозува извозот на жито. Само преку пристаништата во регионот Одеса, Украина може да извезува житарки и други прехранбени производи како дел од иницијативата за снабдување со жито.

Обединетите нации и Турција посредуваа во Црноморскиот договор за жито во јули минатата година, иницијално договорен за првите 120 дена, за да помогне во решавањето на глобалната криза со храна, влошена со руската инвазија на Украина, еден од водечките светски извозници на жито.

Договорот, кој беше продолжен овој месец, има за цел да гарантира безбеден извоз на жито и храна од трите украински пристаништа – Одеса, Чорноморск и Пивдени. Украинската војска соопшти дека руските сили користеле беспилотни летала Шахед од иранско производство во нападот, но не беа објавени детали.

Русија во раните утрински часови во понеделникот започна бран воздушни напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети против различни цели, вклучувајќи го и главниот град Киев. Воената администрација на главниот град соопшти дека одбранбените сили собориле повеќе од 40 цели.

Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина.

Во неделата, на киевскиот Ден на градот, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади досега. Тоа беше и првиот фатален напад во мај – загина 41-годишен маж, а најмалку две лица беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ