сабота, 2 март 2024
Во Косово

Во вреќи најдени 85.000 евра во монети од по две евра, приведени се и македонски државјани осомничени за фалсификување на пари

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

„Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони“, се наведува во известувањето на Обвинителството.

Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ