недела, 12 јануари 2025

Во воздушен напад во Нигерија по грешка загинаа 16 цивили, пилотот мислел дека гаѓа банди

Најмалку 16 цивили се убиени во воен воздушен напад во сојузната држава Замфари во северозападна Нигерија, откако пилотот ги помешал локалните групи за самоодбрана со криминални банди, изјавија локалните жители за Франс прес. Ова е втор ваков воздушен напад врз цивили откако армијата бомбардираше две села на Божиќ, насочени кон џихадистите во соседната држава Сокото.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Воен авион погоди група жители од неколку села доцна синоќа, кои се организираа да се спротивстават на вооружените бандити кои го нападнаа селото Дангебе, во областа Зурми, крадејќи им го добитокот и палејќи им ги куќите, велат жителите.

„Жителите се враќаа во своите села откако ги избркаа бандитите кои го нападнаа Дангебе кога беа бомбардирани од воен авион додека пристигнуваа во селото Тунгар Кару. Најдовме 16 тела и однесовме неколку тешко повредени во болница“, изјави локалниот жител Саиду Ибрахим.

Може да има повеќе жртви. Војската не одговори на барањето за коментар на Франс прес. Амнести интернешнал ги повика нигериските власти да го истражат воздушниот напад, велејќи дека најмалку 20 лица загинале, а десетици повредени се во критична состојба без пристап до медицинска нега.

Ова не е првпат нигериската војска по грешка да напаѓа цивили додека се бори против криминалци или џихадисти. Во декември 2023 година, по грешка беше нападнат собир на муслимански верници во Тудун Бири во државата Кадуни во северозападниот дел на земјата, во кој беа убиени најмалку 85 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ