Кираџијата веќе неколку години живеел во гаражата која се наоѓа пред куќата на убиениот сопственик, но, според соседите, немало никакви расправии меѓу нив. Кираџијата живеел сам, а сопственикот на куќата со сопругата и двајца синови.
Утрово кираџијата со пиштол пукал во сопственикот и го убил. 16-годишниот син кога слушнал пукање излегол во дворот, па кираџијата пукал и кон него, но само го ранил. Потоа пукал кон себе и починал на самото место. 16 годишното дете е во стабнилна состојба.
Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот.