четврток, 24 октомври 2024

Во велешкиот регион нема африканска чума, велат велешките ветеринари

Објавено на

часот

Сподели

„Но поради присуството на болеста африканска чума во соседните земји, редовно ја следиме состојбата кај свињите и сме во постојан контакт со одгледувачите. Но загрижува фактот што не знаеме каква е состојбата со дивите свињи. Тие лесно можат да ја пренесат болеста, но засега немаме информации од ловечките здруженија“, потенцира д-р Димитриевски.

Тој појаснува дека нивните екипи по фармите и кај индивидуалните одгледувачи на свињи ги контролираат условите во кои се одгледуваат свињите и биосигурносните мерки во одгледувалиштата.

Воедно нивните ветеринарни екипи на поширокиот велешки регион континуирана се на терен и вадат крв за  испитување на болеста бруцелоза кај овците и говедата. Притоа, констатирано е дека кај овците и говедата нема бруцелоза. 

Ветеринарните екипи испитуваат и присуство на туберколоза кај говедата. Воедно вршат и редовен годишен попис на стоката во овој регион, а конечната бројка ќе се знае до крајот на септември.

Од увидот на терен ветеринарите констатирале дека бројот на стоката од година во година за жал е во драстично опаѓање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ