Како што информира за МИА Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, во СВР Велес сообраќајката била пријавена денеска во 14,50 часот, а се случила на улица „Вардарска” на крстосницата кај дирекција „Дервен” пред Градскиот базан.
„Со телесни повреди во сообраќајката се здобил 50 – годишниот З.К. сопатник во патничкото возило ‘форд’, констарирани во болницата во Велес“, вели Ѓаковска.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.