сабота, 19 октомври 2024

Во Велес тешко повреден старец при излегување од автобус

Во СВР Велес вчера во 8:10 часот било пријавено дека на улица АСНОМ, во близина на бензинска пумпа, при излегување од автобус мерцедес со велешки регистарски ознаки, управуван од 42-годишниот С.М. од село Горно Оризари, велешко, кој застанал за да излезат патници, 89-годишниот П.К. од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓаковска појаснува дека по овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес,  кај 89-годишниот пациент, по направените радиодијагностички прегледи, била констатирана фрактура на натколеница.

Пациентот е задржан на понатамошен третман на лекување на одделот за ортопедија и трауматологија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ