Ученикот утрово во училиштето влегол со лисици и пластичен пиштол. Тоа создало паника кај останатите соученици, но и кај дежурниот наставник за време на одморот кој веднаш го информирал директорот и класниот раководител.
Во училишниот двор веднаш пристигнале полициски службеници, а и родителите на ученикот по што службите ја започнале постапката.