сабота, 27 јули 2024

Во Умаг трето место во хронометар на велосипедистката Дуња Иванова

Објавено на

часот

Сподели

Овој настап е прв во низата кои следуваат како подготовка за Светското првенство во хронометар кое ќе се одржи на 10 август во Глазгов, Шкотска. Дуња Иванова е првиот женски претставник на Светско првенство во историјата на велосипедскиот спорт кој ќе ги брани боите на Македонија помеѓу светската елита.

Иванова е државен првак во хронометар, маунтинбајк, велокрос, со бројни меѓународни успеси како бронзен медал на Филип Вагнер Ц1 во Србија, златен медал на успон на Орјен во Црна Гора, сребрен медал на етапна трка на планината Тара во Србија, 8 место на етапна трка 4 острови во Хрватска, 5 место на Балканијадата во Босна и Херцеговина, 7 место на Балканијадата во Грција…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ