понеделник, 6 јануари 2025

Во училиште во Миравци опавчето од косата на ученик не им се допаднало на класната и на директорката

Опавчето во косата на ученик не им се допаднало на класната и на директорката на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во гевгелиското село Миравци, па тој требал сам да си ја скрати косата. Комисијата за заштита од дискриминација, по пријавата од мајката на ученикот, оценила дека детето било дискриминирано.

Објавено на

часот

Сподели

Наставниците од училиштето побарале од ученикот да ја скрати косата и да дојде „среден“ на настава.

Според Комисијата, ваквото постапување произлегува од родови стереотипи кои можат да имаат долгорочни ефекти врз самодовербата и идентитетот на учениците.

Комисијата му препорачува на училиштето да ги ревидира своите политики и да се воздржи од примена на родови стереотипи, како и да ги ревидира интерните акти за да промовира родова еднаквост, наместо да се заснова на предрасуди и стереотипи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ