сабота, 27 јули 2024

Во учебник по математика збирот на аглите во триаголник е 190?!

Професорката по математика од скопската гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, Фросина Митрушева, сподели дел од македонски учебник по математика за шесто одделение, вџашена од тоа што од во една од задачите по геометрија во него било наведено дека збирот на аглите во затворен тријаголник е 190, а не како што треба – 180.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста. Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија) секогаш до сега бил 180 без разлика кој бил на власт или кој ја изгубил војната. Одеднаш -190! Нешто сум пропуштила! Живот во заблуда! Ми се плаче, ми се урла“, напиша таа.

Објавата предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. „Математичките закони се вечни. Ниту една Власт или Империја не е“, вели еден од коментарите. „Напредуваме! И остваруваме! Секој ден по малку, кој колку може. За некоја година ќе стигнеме и до 200. Или барем 195“.

Инаку, збирот на внатрешните агли во секој триаголник е 180 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ