„Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста. Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија) секогаш до сега бил 180 без разлика кој бил на власт или кој ја изгубил војната. Одеднаш -190! Нешто сум пропуштила! Живот во заблуда! Ми се плаче, ми се урла“, напиша таа.
Објавата предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. „Математичките закони се вечни. Ниту една Власт или Империја не е“, вели еден од коментарите. „Напредуваме! И остваруваме! Секој ден по малку, кој колку може. За некоја година ќе стигнеме и до 200. Или барем 195“.
Инаку, збирот на внатрешните агли во секој триаголник е 180 степени.