Рекордната евидентирана температура ја објави синоќа турскиот министер за животна средина Мехмет Узхасеки на Твитер. Претходниот рекорд изнесувал 49,1 Целзиусов степен и бил измерен во 2021 година.
Националната метеоролошка служба денес предупреди дека топлотниот бран и понатаму ќе ги надминува вообичаените сезонски температури и за 11 степени. Главната причина за топлинските рекорди се климатските промени, смета Бариш Онол, професор по метеорологија на Техничкиот универзитет во Истанбул.
Иако временскиот феномен Ел Нињо носи и температурни рекорди, топлотните бранови се сè почести и траат подолго, кажа Онол. „Турција ќе биде многу поизложена на високи температури во следните 30 до 40 години, како и остатокот од медитеранскиот регион“.
Врвот на туристичката сезона во земјите од Средоземјето од 2040 година ќе се помести на септември и октомври, предвидува Онол. За регионот ќе биде клучно и управувањето со водите и водените ресурси, смета експертот и предвидува суша во летните месеци во претстојните години.
Турција поприлично зависи од фосилните горива. Според официјалните податоци во 2022 година од јаглен се произведени околу 34,6 отсто од електричната енергија, а од природен гас 22,2 отсто. Целта на земјата е да достигне нулта стапка до 2053 година.