петок, 18 октомври 2024

Во Турција приведени 33 лица осомничени за поврзаност со Исламската држава и подготовка на напади

Турската полиција уапси 33 лица осомничени за поврзаност со групата Исламска држава и планирање напади пред локалните избори во земјата кон крајот на месецов, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничените се подготвувале и барале каде да оперираат пред претстојните избори“, напиша министерот на мрежата Икс. Изборите треба да се одржат на 31 март.

Антитерористичката полиција во Сакарија, северозападна Турција, пронашла оружје, пари и „организациски документи“ во рациите, изјави министерот Јерликаја.

„Нема да толерираме терористи. Ќе продолжиме со нашата борба без прекин со големи напори на нашите безбедносни сили“, додаде Јерликаја.

Мрежата обезбедуваше луѓе за воените зони и финансиска поддршка за Исламската држава додека оперираше во нелегални џамии и верски училишта, рече тој.

Турција беше погодена од голем број напади поврзани со Исламската држава во изминатите 10 години, вклучително и вооружен напад во црква во Истанбул во јануари, кога загина едно лице.

Исламската држава е поврзана со најсмртоносниот напад во земјата, кога повеќе од 100 лица загинаа на мировниот митинг во Анкара во октомври 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ