недела, 20 октомври 2024

Во трка за пари, кариера и по преживување се заборава на децата, сите имаме одговорност за денешната реалност, смета Ѓуровски

Објавено на

часот

Сподели

„Сите ние во суштина ја делиме одговорноста за денешната наша реалност. Родителите, наставниците, децата и системот. Значи не може да покажеме со прст, конкретно за одговорност, затоа што на еден или друг начин, придонесуваме за ова што денес го живееме. Дополнително, придонесуваат и геополитичките случувања, медиумите и реалноста во која живееме“, изјави Ѓуровски пред денешната презентација на научно – истражувачки проект за безбедност во училиштата и градење мерки за превенција, реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет.

Дел од предлозите на експертите се да се разгледа можноста за предметна програма од областа на безбедносната култура во основното, средното и високото образование, да се направи контрола на лесното и мало оружје и да се направи анализа на казнената политика во делот на извршителите на насилство.

Сега е моментот, посочи Ѓуровски, кога се врши пререгистрација на дозволите кај граѓаните и мора да се зајакне контролата на начинот на чување на оружјето и почитувањето на регулативата кај стрелиштата.

 „Министерството за правда предлагаме да направи анализа на казнената регулатива во делот на политиката на извршителите на насилство. Предлагаме и да се размисли за воведување на задолжителен тест кај учениците од средно образование и од деветто одделение за наркотични средства, еднаш до два пати во текот на училишната година. Треба да се размислува и за обврски на носителите на медиумски услуги, интернет провајдерите, бидејќи дел од тие дарк страници што се користат, се потенцијален ризик“, рече Ѓуровски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ