Но земјата има само мал износ на девизни резерви во готовина, кажале истите извори.
Сириските златни резерви изнесувале 25,8 тони во јуни 2011, според податоците на Светскиот совет за злато, кој како извор на податоците ја наведува Централната банка на Сирија. Тоа по моменталните пазарни цени вреди 2,2 милијарди долари, според пресметките на Ројтерс.
Девизните резерви на централната банка, меѓутоа, изнесуваат само околу 200 милиони долари во готовина, кажал еден извор на Ројтерс, додека друг кажал дека резервите во американски долари се „во стотици милиони“.
Иако сите резерви не би се чувале во готовина, падот е значителен во споредба со периодот пред војната. На крајот на 2011 година централната банка на Сирија пријавила 14 милијарди долари девизни резерви, според Меѓународниот монетарен фонд. ММФ во 2010 година ги проценил девизните резерви на Сирија на 18,5 милијарди долари.
Доларските резерви се исцрпени бидејќи режимот ги користел за финансирање на храна, гориво и воените напори, , кажале за Ројтерс сегашни и поранешни сириски функционери.
Претставниците на новата владејачка администрација во Сирија и централната банка на Сирија не одговориле на барањата на Ројтерс за коментар во врска со големината на резервите на централната банка.
Сирија престана да ги споделува финансиските информации со ММФ, Светската банка и другите западни организации набрзо по почетокот на граѓанската војна.
Новата сириска власт, која ја предводат терористи, сè уште врши преглед ан имотот на земјата откако Асад избега во Русија на 8 декември. Ограбувачи накратко имале пристап во делови од централната банка, земајќи сириски фунти, но не го пробиле главниот трезор.
Трезорот го прегледале членови на новата сириска влада минатата недела, кажале два извори, неколку дена откако џихадистите ја преземаа контролата над главниот сириски град Дамаск, во брзата офанзива која стави крај на полувековното владеење на семејството Асад.
Предводена од групата Хајат Тахрир ал Шам, поранешен огранок на Ал каеда, новата влада брзо ја консолидира контролата над државните институции.
Ројтерс не добил пристап до трезорите на централната банка на Сирија.