недела, 21 април 2024

Во Торонто промоција на книги на наставничка по македонски јазик од Мала Преспа

Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот Македониум.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила  голем интерес и  внимание од македонската заедница во Торонто.

„Не можам да го опишам  големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции“,  рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

„Во мојата работа,  голема помош имав и од моите  ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби“, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик,  била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директорка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ