сабота, 27 јули 2024

Во Токио отворен највисокиот облакодер во Јапонија

Објавено на

часот

Сподели

Овој „град во град“ треба да прими 20.000 канцелариски работници и 3.500 станари со полн капацитет, се вели во соопштението на јапонската групација за недвижности Мори билдинг.

Комплексот, кој вклучува три облакодери изградени среде зелени површини, ќе вклучува и 150 ресторани и продавници, како и нов музеј за дигитална уметност на јапонскиот колектив Тимлаб, кој треба да биде отворен во февруари.

Азабудаи Хилс ја надминува висината на облакодерите во Осака, но не се очекува долго време да остане највисоката зграда во земјата, бидејќи 390-метарската кула Торч во Токио ќе биде завршена во 2027 или 2028 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ