недела, 19 јануари 2025

Во ТИРЗ платите брзо растат и се над 1.000 евра, вели директорот

Зад нас е успешна година, во технолошките индустриски зони бруто платата го надмина износот од 60.000 денари и расте со повеќе од 20%, што е за 5% подинамично во однос на растот на платите во националната економија,“ изјави директорот Јован Деспотовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Посебно ме радува што двете основни цели кои си ги поставивме на почетокот на мојот мандат, а тоа се растот на работни места и растот на плати, ги остваруваме. Оваа година за прв пат ја надминуваме бројката од 18.000 работни места. Тоа значи дека имаме здрав тренд на раст на бројот на работни места кој продолжува. Ова е раст од 11% на работни места споредено со минатата година. Она што е исто така многу важно е што регистрираме значителен раст на бруто платата во однос на просекот од минатата година.

Заклучно со податоците од ноември, прво, бруто платата во рамки на Зоните го надмина износот од 60.000 денари и второ, расте со повеќе од 20%, што е за 5% подинамично во однос на растот на платите во националната економија“, изјави Деспотовски.

Според првичните анализи, вели, од компаниите во ТИРЗ се очекува во буџетот на државата да се слеат минимум 75 милиони евра по основ на придонеси, данок на добивка и персонален данок.

„Тоа се 75 милиони евра кои во следната година ќе се наменат за образованието, здравството. Само за споредба, пред шест години имавме годишни уплати во буџетот коишто не надминуваа отприлика 10 милиони евра. Така што сето ова е резултат и на зголемениот квалитет на работење на самите компании. Исто така годинава имаме и раст на нето извозот, кој ќе надмине 20%, односно зборуваме за над 650-700 милиони евра кои остануваат во државава,“ нагласи Деспотовски.

Инаку само годинава во ТИРЗ се постигнати договори со вкупен обем од над 450 милиони евра кои креираат 7000 нови работни места, од кои дел веќе се реализираат. Деспотовски најави и нови програми со фокус на домашните компании како и ново поглавје во однос на привлекување и поддршка на инвестиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ