четврток, 9 јануари 2025

Во Тирана поставена повеќејазична табла на Комитетот за национални малцинства, го има и македонскиот јазик

Последователен успех, во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија прокниживме на почетокот на оваа година, овој пат со поставување на повеќејазична табла на зградата каде што е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана, изјави Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво (МД) Илинден.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓурај додава, дека тоа по барање на друштвото доставено во јануари 2023 година, до комитетот, за поставување повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на кое добиле одговор два месеца подоцна дека истото ќе биде земено предвид.

„Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа на 25 април минатата година испративме  реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот. Во средината на јуни добивме допис дека ќе биде поставена повеќејазична табла и ете конечно истата е поставена, што е уште една институција со табла на македонски јазик, кое следува по наше барање“, посочува Ѓурѓај за МИА.

Изразуваме, нагласува тој, голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за да се реализира нашето барање и секако Комитетот за национални малцинства, кој е владин орган, во кој свои претставници имаат деветте малцинства, признати со закон во Албанија.

Претходно по барање на МД Илинден повеќејазични табли, поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ