понеделник, 21 октомври 2024

Во Тетово снемува вода, скопски Водовод апелира на рационално трошење

Објавено на

часот

Сподели

„На овие високи температури без вода за пиење не е нормално живеењето. Вода во некои зградите без хидрофор и цистерни нема и преку цел ден. Некаде има повремено во текот на денот, сè зависи дали зградата има хидрофор и цистерна и како притисок има. Водата доаѓа околу 22 часот кога се намалува користењето кај останатиот дел од градот“, алармираат дел од жителите.

Раководителот на тетовскиот одделение за водовод при Јавното комунално претпријатие „Тетово“ Љуљзим Шаќири објаснува дека во моментот има доволни количини вода во системот но најголем проблем е што поради високите температури луѓето ја трошат за разладување. Има 450 литри вода во секунда, што според него е повеќе од доволно за нормално снабдување.

„Потрошувачката е огромна, многу е топло во градот. Оддеднаш има по сто црева на една улица надвор за разладување и по бавчите. Количински вода има и повеќе од потребното за снабдување. И толку прифаќа системот. Тие згради без хидрофор имаат проблем. Вода има но не може да се создаде притисок до нивните катови. Чешмите кои се пуштени предолго го одземат притисокот. Апел до граѓаните да не ја трошат водата без потреба. Пример, не мора да се остава водата само да тече додека не се излади, доволно е да се стави вода во фрижидер да се разлади“, потенцира Шаќири.

Според процените во одделението за водовод, за Тетово доволни се и 300 до 350 литри вода во секунда.

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје денеска упати апел рационало да се користи водата  со оглед на најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека  температурите деновиве ќе достигнат и над 40 степени.

Апелираат да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, перење автомобили, полнење на базени, но и за спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци, со кои се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Скопје.

„Доколку граѓаните на Скопје забележат див приклучок треба да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS“, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“. 

Потсетуваат дека дивите приклучоци се забранети со закон, врз основа на кој за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде покрена постапка за сторено кривично дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ