„Денеска одбележуваме 22 години од погинувањето на нашиот колега Цоки Стојановски. Цвеќе положивме на неговиот гроб на градските гробишта во Тетово и овде во полициската станица за безбедност во сообраќајот, каде Цоки работеше до денот на погибијата. Тој животот го загуби додека беше на должност на полицискиот пункт кај тогашното ‘Радио Тетово’ каде загина вршејќи ја својата должност“, изјави Зоран Талев, командир на станицата за безбедност во сообраќајот.
Стојановски смртно бил ранет при напад на полицискиот пункт каде бил на должност. Полицаецот Цоки Стојановски животот го загуби на 28 годишна возраст, а зад себе остави жена и две деца.