среда, 2 октомври 2024

Во терористички напад во Тел Авив убиени четири лица, полицијата ги ликвидирала напаѓачите (ФОТО)

Четири лица загинале, а седум се ранети во денешно пукање во населбата Јафа во Тел Авив, соопшти израелската полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соопштено е дека двајцата напаѓачи се „неутрализирани“ и дека семејствата на жртвите се известени.

Ројтерс претходно пренесе дека израелската полиција соопштила дека вооружени напаѓачи денес отвориле оган во израелската престолнина Тел Авив и дека има повеќе жртви.

На објавената телевизиска снимка се гледа како вооружени лица се симнуваат на железничка станица и почнуваат да пукаат.

Израелските медиуми јавија претходно дека најмалку четири лица се тешко повредени.

Израелската итна служба МДА соопшти дека добила извештај во 19 часот по локално време дека луѓе се повредени во пукање.

Медиумите претходно јавија дека израелската полиција соопштила дека дошло до „терористичко“ пукање во Тел Авив, и дека има жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ