вторник, 22 октомври 2024

Во текот на ноќта Русите соборија 14 украински дронови, Украинците соборија 30 руски

Руските власти соопштија дека во текот на ноќта собориле 14 украински дронови над регионите Курск, Воронеж и Белгород, додека Украинците соопштија дека собориле 30 руски беспилотни летала над својата територија.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над регионот Курск и по еден над Воронеж и Белгород, но не е познато колку украински летала биле лансирани.

Во цела Украина е прогласена воздушна тревога во 7:20 часот по локално време, додека украинските воздухопловни сили објавија дека Русите истрелале 38 нападни беспилотни летала и две балистички ракети Искандер-М. Од нив соборени се 30 дронови, но не се знае што се случило со останатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ