сабота, 27 јули 2024

Во тек е интензивна потрага по телото на малата Данка, осомничените си ја префрлаат вината еден на друг

Жандармеријата со кучиња трагачи упаднала во дворот на еден од двајцата осомничени за нејзиното убиство, Срѓан Јанковиќ (50) од селото Лука. Во тек е голема операција за пребарување, пренесува Телеграф.

Фото: Интерпол

Објавено на

часот

Сподели

Над неговата куќа подигнат е и дрон.

Дрон бил подигнат и над депонијата и теренот кој од утрово се пребаруваат, каде првично се сомневало дека е фрлено телото на убиеното девојче.

Потрагата по телото на малата Данка е интензивна.

„Нè однесоа на депонијата каде што го оставија телото, но имаме информации дека еден од нив се вратил и го префрлил на друга локација. Не можеме да им веруваме затоа што си ја префрлаат вината еден на друг“, рече српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Голем број припадници на Жандармеријата ја опколиле колибата на Срѓан Јанковиќ, кој е осомничен за убиството на малата Данка Илиќ.

Колибата се наоѓа надвор од селото Лука, каде порано живеел осомничениот Срѓан Јанковиќ. Овој дел од селото е многу зафрлен, а до него води само тесен земјен пат. Тоа е ридски терен, кој е опкружен со шуми и полиња.

Полицијата целосно го блокирала патот и не може да се приближи до тоа место, пренесе Телеграф.

Таткото на Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ, пристигнал во придружба на припадници на полицијата на местото каде што има шанси да биде пронајдено телото на девојчето.

Полицијата интензивно ги пребарува нивите во селото Лука кај Бор, од каде е осомничениот за убиството на двегодишното девојче, а го раскопувала и дворот на семејството Јанковиќ откако се појавија информации дека Јанковиќ го преместил телото на девојче во близина на својата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ