недела, 19 јануари 2025
Пестицидот имидаклоприд е забранет во ЕУ

Во свежа зелка од Македонија откриени се остатоци од состојка што може да предизвика смрт

Во зелка од Македонија откриени се остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, јавија хрватските медиуми. Според нив, тоа се случило на хрватската граница, па инспекторите веднаш наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка од Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Со одлука на Комисијата на ЕУ, забранета е употреба на имидаклоприд на сите култури што се одгледуваат на отворено.

Научните студии покажуваат дека имидаклоприд делува штетно врз срцето, бубрезите, тироидната жлезда и мозокот и може да предизвика невролошки симптоми, вклучително и респираторна инсуфициенција и смрт.

„Токсичноста на имидаклоприд се зголемува со периодот на изложеност, како и со дозата, што е опишана како ‘временска кумулативна токсичност’, и тоа не треба да се разбере само од аспект на акутната смртност, туку треба да биде и хроничен аспект“, се вели во одлуката на Комисијата на ЕУ, пренесуваат хрватските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ