среда, 23 октомври 2024

Во Свети Николе нема поставено фотоволтаици на плодно земјиште, тврди Гичев

Со измените на законот, на прва и втора класа на земјоделско земјиште не се дозволува да се поставуваат фотоволтаици, изјави денеска раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)- Свети Николе, Дејан Гичев, кој денеска одговараше на новинарско прашање, дали се реши проблемот со издавањето на дозволите за поставување на фотоволтаици на обработливо земјоделско земјиште. Гичев при денешнта посета на ресорниот министер, Љупчо Николовски во Општина Свети Николе истакна дека  дозволи се издаваат само на трета, четврта, петта и шестта класа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на трибина во Велес кажа дека не е против поставување на фотоволтаици, но не на плодни земјоделски површини.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Свети Николе сите фотоволтаични централи што се прават се на приватни површини, а на прва и втора класа земјиште нема. Имам информации дека на петта и шеста класа има подигнато мали површини, во индина ќе видиме како ќе биде, ама слаб е интересот на државно змејиште да се прават фотоволтаици“, вели Гичев.

Според неговите анализи на државно земјиште има поставено фотоволтаици на 30 хектари, а ова земјиште е и од шеста класа, а на приватно земјоделско земјиште има фотоволтаични централи на површина од пет до десет хектари.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на трибина во Велес кажа дека не е против инвестиции во производни капацитети посебно за електрична енергија, дека поддржува поставување на фотоволтаици, но не на плодни земјоделски површини.

„Да речеме овој условно кажаниот инвеститор ќе постави фотоволтаици на 500-тини хектари плодна земја помеѓу Штип и Свети Николе. И луѓето кои што денеска ја обработуваат земјата, и луѓето кои што таму ги хранат своите семејства ќе го изгубат тоа право. И замислете таа почва и таа земја ќе му се отстапи по 0,14 денари за метар квадратен закуп. А, тој, има право потоа да ја даде повторно на некои индивидуални земјоделци според ценовникот кој што го има државата, а тоа е 70 денари по метар кавдратен. Значи тоа е 500 пати повеќе. И само од тоа тој инвеститор може да заработи повеќе од 9 милиони евра годишно “, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ