сабота, 27 јули 2024

Во Судан стапи во сила тридневен прекин на огнот

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите, прекинот на огнот стапил на сила денеска во 6 часот по локално време и се совпаѓа со муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, пренесува Ројтерс.

„Примирјето се совпаѓа со благословениот празник Рамазан Бајрам, со цел да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните и да ѝм се даде можност да ги поздрават своите семејства“, се вели во соопштението на РСФ.

Во судирите меѓу суданската армија и РСФ досега се убиени повеќе од 600 лица, соопшти вчера суданското Министерство за здравство.

Во Судан од саботата траат конфликтите кои избувнаа по неколкудневни тензии околу патоказот за транзиција на земјата во цивилна власт, потсетува Ројтерс.

Еден од главните проблеми е планот за интегрирање на РСФ со своите 100.000 членови во суданската армија и назначувањето на водач на новите воени сили. Спогодбата требаше да биде потпишана на почетокот на април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ