понеделник, 27 јануари 2025

Во Струмица повторно надминат прагот на алармирање за аерозагадување

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вечерва информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри – надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови, е надминат на мерното место – Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

„Прагот на алармирање е дефиниран во уредбата за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели – Службен весник на Република Македонија број 183 од 14.12.2017 година“, се наведува во соопштението на МЖСПП.

Согласно настанатата состојба, за Струмица важат неколку мерки.

„Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-интегрирана еколошка дозвола. Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи и елаборати. Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци. Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел-горива и нерегистрирани возила. Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата. Забрана на горење на отворено“, се истакнува во соопштението.

Се препорачува на сите правни субјекти-работодавци, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Исто така, се препорачува на сите правни субјекти – работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено, да работат од 11 до 17 часот. Се препорачува и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ