сабота, 27 јули 2024

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство Контекст-Струмица во соработка со кафе бар Нагоре, како дел од неформалниот тековен концепт-проект „Ѕид на ументоста“, вечер ќе ја отворат изложбата на дела мал формат насловена „10 во 12“ на ликовниот уметник Костадин Батев.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој избор насловен ’10 во 12′ ќе видиме 12 дела изработени во мал формат изминативе 10 години. Тие претставуваат своевиден пресек на една декада творење на Костадин Батев и претставуваат целина од неколку засебни минијатури, графики и акварели кои коегзистираат и како засебни единки и како целина. Батев е познат на струмичката публика, неговото творештво е веќе дел од колективната меморија на струмичките колекционери и љубители на уметноста. Тој како учесник на Меѓународната ликовната колонија и со своја самостојна изложба веќе ги има претставувано своите сликарските светогледи пред своите сограѓани“, пишува во информацијата од организаторите.

Костадин Батев е роден 1979 година во Струмица. Средно уметничко училиште завршил во Скопје во 1997 година, а во 2004-та година дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство со графички дизајн во класата на професор Вело Ташовски.  Член на Друштвото на ликовни уметници е од 2000 година, а зад себе има шест самостојни изложби и голем број групни изложби и учества на ликовни колонии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ