сабота, 27 јули 2024

Во Струмица дојдоа ученици од Франција, ќе учат да работат

Седум ученици од Франција 14 денови престојуваат во Струмица и во три струмички компании реализираат практична работа преку учење.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Општина Струмица, престојот на француските ученици е во рамките на соработката на ДСУ-РЦСОО Никола Карев Струмица со АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија.

Таквата соработка меѓу двете институции е воспоставена минатата година преку препознавање на успесите на ДСУ-РЦСОО Никола Карев во реализираните Еразмус+ активности во стручното образование и обука.

Гостите од Франција заедно со директорот на струмичкото средно училиште и професори денеска ги прими градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој ги запозна со Општина Струмица, а учениците од Париз ги споделија своите импресии од престојот и работата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ