сабота, 27 јули 2024

Во стан во Белград најдени делови од тело, уапсениот осомничен за убиство

Објавено на

часот

Сподели

Телото е најдено во стан на улицата Цар Лазар 11а, а момчето за кое се сомнева дека го извршило злосторството е уапсено, соопштила полицијата.

Министерството за внатрешни работи на Србија потоа соопшти дека е уапсен и 33-годишниот О.Д. во чиј стан во Белград денес биле најдени „делови од човечко тело“.

Полицијата се сомнева дека О.Д. ја убил жртвата, чиј идентитет ќе биде утврден по ДНК анализа на Институтот за судска медицина.

Поради сомнеж дека извршил кривично дело тешко убиство на суров начин, на осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што, со кривична пријава, ќе биде изнесен пред надлежното обвинителство.

Како што јавуваат српските медиуми, уапсеното момче го признало убиството, а убиената девојка е наводно Н.М. (18) од Ковиљ која исчезнала пред две недели во Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ