сабота, 27 јули 2024

Во Стајковци – со удари по главата ги убил братот и снаата

Убиство се случи денеска во скопско Стајковци. На скалите и на терасата од семејна куќа со крвави рани на главите биле пронајдени В.К. (64) и  С.К. (57), сопруга на еден од браќата на В.К. На лице место лекар констатирал смрт кај С.К., додека В.К. починал во скопскиот Клинички центар.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 12.30 часот. Полицијата во 14 часот го пронашла Љ.К. (67), брат на В.К, кој имал убодни рани на телото и за кого постои сомневање дека го извршил убиството. Љ.К. е пренесен во болница заради пружање на медицинска помош, а инаку е лице со нарушено здравје.

Полицијата и обвинителството преземаат мерки за расветлување на случајот.

Oд скопското обвинителство информираат дека „јавен обвинител, заедно со т, и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат“.

Обвинителството нагласува дека причините се утврдуваат, а дека сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

„Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција“, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Според тоа што може да се заклучи според раните, убиството е извршено со метална прачка, а осомничениот сторител со остар предмет се обидел да си го одземе животот.

Соседите велат дека се зачудени од крвавиот настан, потенцираат дека станувало збор за мирни луѓе. Живееле во иста куќа, во различни станови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ