Од болницата во Краљево е потврдено дека мајката на настраданите деца е тешко повредена и дека е згрижена во болницата. Меѓу загинатите е и бебе.
Смртно настрадале возачот и патниците во автомобилот Д.Л. (33), Л.Л (10), Л.Л. (7), М.Л. (1) и Д.К. (27), додека М.Л. (32) добила тешки телесни повреди.
Pet osoba poginulo u nesreći kod Kraljeva, nastradala cela porodica: Vojno vozilo potpuno smrskalo putnički automobil https://t.co/ozVx95bEQ8
— Ozon Press (@ozonpress) September 21, 2024
Српското министерство за одбрана соопшти дека борбено возило на српската војска ПАСАРС вчера околу 13:10 часот се судрило со цивилно возило кај местото Ушќе. Возилото се движело кон Рашка во колона под придружба на воената полиција.
🇷🇸Тежак удес на путу Краљево- Рашка, према још незваничним информацијама има погинулих и повређених.
У несрећи било је и војно вознило које је се кретало у пратњи војне полиције. pic.twitter.com/LLzZP4dWJh
— PAGAN (@pagan_pagan1) September 21, 2024
Надлежните служби работат на утврдување на сите околности на трагичниот настан, соопшти министерството за одбрана на Србија.
„Патничкиот автомобил беше целосно прекриен од военото возило, целосно смачкан. На местото на несреќата стигнаа пожарникарски екипи и спасувачи. Успеаја некако да го кренат военото возило и да го поместат. Глетката беше ужасна, вистинска трагедија“, кажал еден очевидец.
Zašto je oklopno vozilo na levoj strani kolovoza?
Da li je ova tragedija kod Ušća posledica besmislenog paradiranja do Raške i nazad?
Zašto je izgubljena petočlana porodica? 😥 pic.twitter.com/PzljAW3QUE— Vujić (@MilenkoNS) September 21, 2024