недела, 14 април 2024

Во Србија продолжува потрагата по исчезнатото девојче Данка Илиќ

Ни три дена по исчезнувањето не е јасно што се случило со двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско Поле кај Бор во вторникот.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Србија

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите пренесоа дека два специјалистички тима за спасување од урнатини од Белград и Нови Сад стигнале во Бањско Поле и утринава почнале детално пребарување на теренот околу куќата пред која исчезнало девојчето.

Вчера во дворот стигнал багер и го расчистувал теренот, а министерот за полиција на Србија Братислав Гашиќ бил синоќа во Бањско Поле.

Припадниците на српската полиција и понатаму ги легитимираат сите возачи и ги прегледуваат сите возила на приодите кон Бањско Поле, и, како што е соопштено, интензивно работат на наоѓање на девојчето како и на утврдување на сите факти и околности во врска со нејзиното исчезнување.

Данка Илиќ во моментот на исчезнувањето на себе имала зелена јакна, виолетови панталони и црни патики. Има кафеава коса, кафеави очи и висока е околу 85 сантиметри и надлежните институции апелираа до граѓаните да јават ако имаат некакви информации за девојчето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ