недела, 20 октомври 2024

Во Србија од утре во сите училишта ќе бидат присутни полицајци

Објавено на

часот

Сподели

Тој за РТС кажа дека во текот на оваа година министерството за внатрешни работи ќе вработи нови 1,2 илјади полициски службеници.

„Уште од утре од осум часот, пред почетокот на наставата, во сите училишта во Србија, а ги има околу 1,8 илјади ќе бидат присутни полициски службеници сè до крајот на наставата кои превентивно ќе дејствуваат да не дојде до прекршоци и ќе спречуваат нивно извршување“, кажа Стевандиќ.

Со ангажирањето дополнителни 1,2 илјади полицајци, како што кажа, ќе се обезбеди секое училиште да има полициски службеник кој ќе се грижи за безбедноста на учениците и вработените.

„Посебен акцент ќе ставиме и на учениците во сообраќајот во зоните на училиштата, како и на откривање огнено оружје и психоактивни супстанци“, кажа Стевандиќ.

Тој истакна дека, освен во зоните на училиштата, во следниот период ќе биде засилено ангажирањето на полициските службеници на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани – на плоштадите, улиците, железничките и автобуските станици, спортските настани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ