среда, 23 октомври 2024

Во Србија извлечен првиот нацистички брод од дното на Дунав

Првиот брод на потопената германска речна флота од Втората светска војна е изваден од дното на Дунав кај Прахово, објави српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ и најави дека операцијата ќе продолжи во следните месеци.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Весиќ кажа дека германските сили ја потопиле својата дунавска и црноморска речна флота во 1944 за да го отежнат пробивот на Црвената армија низ Дунав. Најави дека вкупно од Дунав ќе бидат извадени стотина нацистички бродови.

„Секој брод кој ќе биде изваден минува детална контрола со демонтажа на експлозивните средства кои останале во нив. На фотографиите на првиот брод се гледа колку експлозивни средства останале на бродовите. Сето тоа стоело во Дунав осум децении“, наведе Весиќ на Инстаграм.

Додаде дека Црвената армија отстранила некои бродови за да го ослободи пловниот пат на крајот на 1944, а потоа и пролетта 1945 година. „Од тогаш, речиси осум децении, ништо не било преземено во врска со вадењето на германската нацистичка речна флота“, истакна српскиот министер.

Кога процесот ќе биде завршен, на јавноста ќе ѝ биде овозможено да види дел од потопената флота, која 80 години го отежнува пловењето во тој дел од Дунав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ