среда, 5 март 2025

Во Србија е најдено двегодишното девојче по кое се трагаше цела ноќ

Спасувачко куче на Горската служба за спасувања ја нашпо утринава двегодишната Дуња Марковиќ. Девојчето вчера исчезнало во местото Уб. Како што дознава српски Телеграф, девојчето било промрзнато, но добро. Девојчето го нашло специјално обучен пес на Горската спасувачка служба. Детето цела ноќ ја минало надвор, но е во добра здравствена состојба.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Девојчето исчезнало вчера околу 14 часот кога се оддалечило од дома. Веста за нејзиното исчезнување пристигнала преку апликацијата Пронајди ме.

Родителите на Дуња, како што вчера пишуваше Телеграф, во моментот на нејзиното исчезнување на биле дома, туку ја чувале други деца. Таткото на Дуња во тој момент бил на работа, а мајката на погреб.

Децата си играле пред куќата кога во еден момент девојчето исчезнало.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ