сабота, 27 јули 2024

Во Сопиште приведен дилер на марихуана, кокаин, амфетамини…

Скопската полиција вчера, по претходно преземени оперативни мерки и активности, го лишија од слобода И.Ј. (37) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, при претрес во неговиот дом во Сопиште, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, семки од растение, три дигитални ваги со остатоци од дрога.

И.Ј. е приведен и против него ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик, а денеска тој е изведен пред судијата на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ