Снежната покривка во Сопиште достигна висина од над 25 сантиметри, додека на планинските села таа надмина 50 сантиметри. Сите главни правци до населените места се исчистени и проодни, вклучувајќи ги и локалните улици и краци.
Чистењето се одвиваше од утринава од 2 часот по полноќ, а исчистените патишта продолжуваат да се одржуваат на интервали од 2-3 часа, сѐ додека врне снег.