петок, 24 јануари 2025

Во сообраќајка повредени тројца полицајци

Денеска во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Ново Село, Општина Дебрца, од патот излетало патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л. (37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници.

Објавено на

часот

Сподели

По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ