сабота, 27 јули 2024

Во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар повредени две лица

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 15.45 часот во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Гостивар, на потегот од клучката Камењане до наплатната станица Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила опел-астра со гостиварски регистарски ознаки управувано од 52-годишниот гостиварец Ф.Е. и мерцедес со скопски ознаки што го управувала 38-годишната М.С од Скопје.Во несреќата, две лица-сопатници од астрата се здобиле со повреди и веднаш се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР-Тетово.

На местото  увид извршила екипа од СВР Тетово, а поради судирот сообраќајот на овој потег бил во прекин до 16.15 часот и се пренасочуваше по други околни патишта.

Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ