недела, 20 октомври 2024

Во сообраќајка тешко повреден возач на камион

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 14.47 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, атар на с.Очипала, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(22) од с.Студеничани, скопско и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(64) од Македонска Каменица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.И., констатирани во Клиничка болница Штип“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ